Била најавена допинг контрола, па 130 велосипедисти го откажале настапот

Неверојатни вести доаѓаат од шпанскиот велосипедизам. Дури 130 велосипедисти се откажаа од трката во Виљена во провинцијата Валенсија, по најавата за пристигнувањето на антидопинг агенцијата.

Од 182 пријавени учесници на 40. издание на трката „Сикло 21“, целта ја минаа само 52. Голем дел од учесниците го објаснија своето повлекување поради повреди или несреќи. Сепак, нема докази за тоа на снимките од оваа трка.

Второпласираниот Алваро Марса на социјалните мрежи потврди дека објавата за допинг контрола била главната причина за неговото повлекување.

Се вчитува...