Биланс на медали: Кина доминира во златата, следат САД и Јапонија

Натпреварувачите од Кина и по деветтиот ден од Олимписките игри во Токио се на врвот на листата по бројот на освоени златни медали. На второто место се проби тимот на Соединетите Американски Држави, додека Македонија останува со еден медал.

Кинеските натпреварувачи од вкупно 51 освоен медал имаат биланс од 24 златни, 14 сребрени и 13 брозени медали, што е за четири златни медали подобро од натпреварувачите кои доаѓаат од САД. Американците имаат вкупно 59 освоени медали, меѓутоа само 20 од нив се златни. 23 се сребрени и 16 бронзени.

Јапонија се наоѓа на третото место со 31 освоен медал од кои 17 се златни, 5 се сребрени и 9 бронзени. Веднаш зад домаќинот на Игрите е Австралија со истотака 31 осовен медал, меѓутоа островјаните имаат 14 златни, 3 сребрени и 14 бронзени медали.

Од поранешните екс-ју држави на 16. место е Хрватска со три 3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени медали. Словенија се наоѓа на 20. место со две златени медали, сребро и бронза, додека Србија падна на 33. место со златен, сребрен и два бронзени медали.

Се вчитува...