Биланс на медали: Кина продолжува да доминира, следат САД и Јапонија

На два дена пред крајот на Летните олимписки игри во Токио селекцијата на Кина сеуште се наоѓа на врвот на листата по освоени медали. Следат САД, а зад Американците се наоѓа Јапонија.

Најбројната држава во светот досега има освоени вкупно 78 медали од кои 36 злата, 25 сребрени и 17 бронзени. Следат Соединетите Американски Држави во вкупно 98 медали, но од нив само 31 е златен. 36 се сребрени, додека 31 е бронзен.

На третото место се наоѓа домаќинот Јапонија со вкупно 51 медал. 24 од нив се златени, 11 сребрени и 16 бронзени, а во првите пет држави уште се наоѓаат и Велика Британија со вкупно 58 медали (18 златни, 20 сребрени и 20 бронзени) и Русија со 62 медали (17 златни, 23 сребрени и 22 бронзени).

Од државите кои беа дел од поранешната Југославија, Хрватска е на 22. место со вкупно 8 медали од кои три злата, три сребра и две бронзи, додека Словенија е на 23. место со три златни и по еден сребрен и бронзен медал. Србија се наоѓа на 32. место со два златни медали, еден сребрен и четири бронзени.

Македонија Игрите во Токио ќе го помни по сребрениот медал на Дејан Георгиевски кој за нас е прв по Игрите кои се одржаа во Сиднеј во 2000 година.

Се вчитува...