Билбао го „реши“ Кадиз за две минути

Фудбалерите на Атлетик Билбао го совладаа Кадиз на свој терен со 3-0 во петтото коло во шпанската Примера. „Баскијците“ целата работа ја завршија за 2 минути и постигнаа два гола, по што следуваше и трет за конечен триумф.

Во првите 45. минути не успеаја да го пробијат противникот, а потоа во 66. минута Гурусет погоди за 1-0, а потоа 2 минути подоцна Вилјалибре зголеми на 2-0.

Ињаки Вилјамс во третата минута од судиското надополнување ги постави конечните 3-0. Билбао со оваа победа дојде до 10 бодови, и се пласираше на четвртото место на табелата.

Се вчитува...