Билбао со минимална предност ќе го пречека Атлетико Мадрид на реваншот во Баскија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетик Билбао со минимална предност од 0-1 ќе го пречекаат Атлетико Мадрид во реванш натпреварот во Копа дел Реј.

Вечерва Баскијците во еден тврд и тежок натпревар успеаја да слават со минимални 0-1 во главниот град на Шпанија.

Клучниот момент се случи во 25. минута кога Беренгуер од пенал го постигна погодокот вреден победа за Баскијците.

Во финишот домаќините добија пенал, но главниот судија по проверка на ВАР го поништи.

Се вчитува...