Билд: Луис Диjаз веќе има договор со Баерн

Крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз е пред напуштање на клубот и пред потпис со Баерн Минхен, тврди „Билд“. Колумбиецот веќе ги договорил сите услови, и останува само клубовите да се договорат. Инаку Ливерпул досега одолева на понудите на ривалите за својот играч.

Пред неколку дена „Скај“ пишуваше дека Баварците имале контакти со челниците на англискиот првак за трансфер, и добиле одговор дека играчот не е на продажба.

Барселона е вториот кандидат за потпис, особено откако пропадна трансферот на Нико Вилијамс.

Дијаз е во деликатна ситуација, откако навивачите на „црвените“ се свртеа против него. Додека неговите соиграчи од Ливерпул тагуваа и беа на погреб на соиграчот Диого Жота, тој бил фотографиран како се забавува во својата татковина.

Се вчитува...