Европскиот првак Германија се извлече со реми против Македонија во третото коло од групата Ц на Европското првенство во Хрватска, а сликовит наслов осамна денеска во најтиражниот германски весник „Билд“. Редакцијата на овој медиум потенцираше: „Македонските колоси ги сопре нашите лоши момци“. Германците си носат прекарот ’лоши момци’ поради жестоките настапи на претходното ЕП и бруталноста што ја покажаа кон противниците за освојување на златниот медал. Но, во Загреб не успеаја да ја ’скршат’ Македонија, напротив, се извлекоа.
„Не сум најдобро. Требаше да победиме“, изјави германскиот селектор Прокоп за „Билд“.
Германскиот весник потенцира дека македонските колоси биле премногу цврсти за Германија да успее да ги совлада во еден од највозбудливите мечеви на Европското првенство досега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА