Вардар и Црвена Звезда вечерва од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, точно еден месец по ужасната трагедија во Кочани, ќе одиграат хуманитарен натпревар за спомен и во чест на сите жртви и финансиска поддршка на семејствата на настраданите во дискотеката „Пулс“.
Како што информираат од клубот веќе се распродадени околу 25.000 билети за денешниот пријателски дуел меѓу традиционалните пријателски клубови но и ривали од времето на Југославија. Но, излегувајќи во пресрет и на сите љубители на фудбалот кои се уште не набавиле билет од ФК Вардар информираат дека денеска билети ќе може да се набават и на билетарите на ареената „Тодор Проески“.
„Сите заинтересирани граѓани кои немаат можност да купат online билети за вечерашниот хуманитарен натпревар помеѓу екипите на Вардар и Црвена Ѕвезда, можат да купат билети и на билетарите на арената. Билетарите ќе бидат отворени од 16:00 до 18:00 часот“ – информираат од ФК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА