Навивачите на Македонија и љубителите на фудбалот кои сакаат да ја бодрат македонската селекција на натпреварот на 19. јуни меѓу Англија – Македонија во Манчестер ќе може да купуваат билети за мечот до 15. јуни, информираат од Фудбалската федерација на Македонија.
Од ФФМ и информацијата дека билетите ќе може да се купуваат на следната платформа: https://www.wembleystadium.com/events/2023/ticket-office/England-v-North-Macedonia—Away-Supporters , а истата ќе биде затворена во четврток, 15. јуни.
Билетите се по цена од 30 и 40 британски фунти. Билети за лица со попреченост можат да се нарачаат на следниот телефонски број: 0800 093 0824
На навивачите на македонската репрезентација кои се резиденти во Обединето Кралство билетите по купување ќе им бидат доставени до домашна адреса. Останатите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на ден на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот.
Важни напомени за посетителите на натпреварот:
- Стадионот Олд Трафорд има рестриктивна политика за носење на лични торби. Деталите можете да ги погледнете тука
- Стадионот Олд Трафорд работи без размена на готовина. Ниту еден од киосците нема да прима готовина за плаќање, ќе мора да имате платежна картичка.
- Деца на возраст до 14 години мора да бидат во придружба на возрасно лице.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА