Билети за последниот настап на Надал се продаваат по неверојатни 140.000 евра

Рафаел Надал неодамна информираше дека ја завршува својата блескава кариера со настапот на Дејвис купот од 19 до 24 ноември во Малага.

Тоа ќе бидат последните тениски настапи на Надал во историјата, па огромен е интересот кај шпанските фанови да бидат дел од спектаклот. Билетите одамна се вече продадени. Најевтиниот чинеше 2.000 евра, а ВИП билетите за овој настан се продадоа по цена од неверојатни 141.000 евра!

Надал зад себе остава извонредна кариера со освоени 22 грандслем титули, како и олимписко злато од Пекинг 2008 година.

Се вчитува...