Фудбалската федерација на Македонија од утре ќе ги пушти во продажба влезниците за пријателскиот натпревар против Турција (5. јуни) и квалифиакцискиот меч против Шпанија (11. јуни). Има билети за сечиј џеб, а ќе можат да се купат преку продажната мрежа на mktickets и на официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall.
Влезниците за пријателскиот натпревар против Турција се по цена од 100, 200 и 400 денари. Мечот против Турција е на програмата на 5 јуни, со почеток во 19.45 часот.
Фудбалскиот спектакл Македонија – Шпанија од квалификациите за СП 2018 во Русија е закажан на 11. јуни во 20.45 часот. Влезниците ќе бидат во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на mktickets и на официјалниот штанд на ФФМ во Skopje City Mall.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА