Билетите пуштени во продажба: Бодрете го Вардар за 300 евра во Келн

ЕХФ од денеска ги пушти во продажба билетите за навивачите на Вардар, за сите оние кои сакаат да го бодрат македонскиот првак на фајналфор турнирот во Келн на 1 и 2 јуни.

Од РК Вардар информираат дека сите билети се однесуваат на сектор 218, резервирано за македонските фанови, кои несомнено ќе им дадат огромна поддршка на избраниците на Роберто Гарсија Парондо. Цената на билетите за двата натпреварувачки дена изнесува вкупно 300 евра, или 18.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден).

Ф4 турнирот од лигата на шампионите ќе се игра на 1 и 2 јуни во Келн. Во полуфиналето се среќаваат: Вардар – Барселона (18 часот) и Веспрем – Кјелце (15,15часот).

Се вчитува...