Хрватските фудбалери ќе ја имаат поддршката од полните трибини на стадионот „Рујевица“ на пријателскиот меч со Македонија што ќе се игра в понеделник во Ријека.
Овој меч ќе биде претпоследна контрола за „коцкестите“ пред настапот на ЕВРО 2024, па хрватските навивачи со нетрпение очекуваат да ги видат на дело избраниците на Далиќ, иако дел од клучните првотимци нема да настапат против Македонија.
Хрватската Фудбалска Федерација објави дека сите билети за понеделничкиот натпревар се распродадени, со исклучок на оние кои федерацијата ги чува за спонзорите и за сопствените потреби.
Мечот меѓу Хрватска и Македонија ќе се игра на 3 јуни со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА