Еурофарм Пелистер ќе го пречека Вардар во ракометното македонско „Ел класико“ како дел од седмото коло во плеј-офот од Суперлигата. Билетите за натпреварот кој ќе се игра на 1. мај (недела) во арената „Боро Чурлевски“ во Битола се распродадени за само 15 минути.
Еурофарм Пелистер со бод на овој меч ќе биде близу до освојување на титулата и со тоа ќе го „детронизира“ големиот ривал кој изминатите сезони доминираше со македонскиот ракомет, период во кој двапати стигна и до европската титула.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра в недела на 1. мај во „Боро Чурлевски“ со почеток во 19.00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА