Билетите за Ф4 во Купот на Македонија по цена од 300 денари на дневна основа

Фајнлфор турнирот од Купот на Македонија сезонава ќе се одигра во Охрид, престојнов викенд од 30. мај до 1. јуни.

Организаторот Охрид, денеска информираше дека билетите за Ф4 турнирот ќе бидат пуштени во продажба од среда (28 мај) од 12 часот, кај Аждер и на билетарата на СРЦ „Билјанини извори“ од 18 до 20 часот секој ден.

Поединечната цена за пооделните полуфинални натпревари меѓу РК Вардар 1961 – РК Алкалоид и ГРК Охрид – РК Е. Пелистер ќе изнесува по 200 денари, а цената на билетите за двата полуфинални натпревари е 300 денари. Цена на билетите за финалниот натпревар е исто така 300 денари.

Се вчитува...