Се е подготвено за фудбалското шоу меѓу Јувентус и Барселона, кои првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе го играат на 11 април во Торино.
Меѓу фановите на „старата дама“ владее огромен интерес за овој натпревар, за што најдобар доказ е фактот дека билетите за пресметката со Меси, Нејмар и останатите каталонски ѕвезди беа распродадени за само една минута од моментот кога беа пуштени во продажба.
Стадионот на Јувентус има капацитет од 41.000 слободни места, но нема да биде исполнет до самиот крај поради правилото на ФИФА според кое 10% од капацитетот на фудбалските арени треба да бидат испразнети поради безбедност на присутните на трибините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА