Кил успеа да го елиминира Пик Сегед и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а таму повеќекратниот европски првак го очекува дуелот со актуелниот бранител на трофејот, тимот на Вардар. „Зебрите“ лани доживеаја фијаско не успевајќи да се пласираат на фајналфор турнирот во Келн и ќе сторат се за да избегнат идентично сценарио, но на германскиот гигант му е јасно дека Вардар игра извонреден ракомет и дека Кил ќе треба да се надмине себе си за да ги елиминира „црвено-црните“.
Првиот натпревар ќе се игра викендот 21 или 22 април, а раководството на Кил ги објави и цените на влезниците, кои ќе бидат пуштени во продажба денеска. Највисоката цена, за влезниците од прв и од втор ранг, изнесува 50 евра, додека најниска е 14,5 евра, за влезниците „со ограничена видливост“.
Цените воопшто не се ниски, но сепак станува збор за четвртфинале, и тоа против актуелниот европски првак, па нема сомнеж дека „Шпаркасе арена“ ќе биде полна до последно место, па над 10.000 Германци ќе им ја дадат својата поддршка на домашните ракометари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА