Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе одлука цените на билетите за натпреварот на македонската А репрезентација за натпреварот против Исланд во квалификациите за СП 2022 кој се игра на 14. ноември на арената „Тодор Проески“ од 18 часот да биде 150 и 300 денари.
Билетите по цена од 150 и 300 денари за Јужната и Северна трибина ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTickets.
Младата репрезентација на Македонија својот натпревар против Франција ќе го игра исто така на арената „Тодор Проески“ на 16. ноември со почеток од 18:30 часот. Цената на билетите за овој натпревари ќе биде 100, 150 и 200 денари за Јужна и Северна трибина преку продажната мрежа на MKTickets.
Женската репрезентација, пак, на 26. октомври игра против Луксембург во квалификациите за ЕП на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид од 13:30 часот. Цената на билетите за овој натпревар ќе биде 100 денари и ќе се продаваат на билетарата на стадионот „Билијанини Извори“ во Охрид.
Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ и стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид е ограничен согласно мерките на Владата утврдени за заштита од коронавирусот за присуство на гледачи на трибините.
На својата денешна седница Управниот одбор на ФФМ донесе и одлука за измени на правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери на ФФМ поврзани со права на фудбалери во женска конкуренција, како и одлука за реконструкција (поставување нова тревна подлога со вештачка трева) на теренот со вештачка трева на стадионот во Ѓорче Петров. УО на ФФМ го усвои и календарот за натпреварување во Втора футсал лига и делегатската листа за футсал натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА