Фудбалската федерација на Македонија од утре ги пушта во продажба билетите за последниот квалификациски натпревар на нашата сениорска репрезентација во циклусот за СП 2018 кој против Лихтенштајн го играме на 9. октомври на стадионот „Младост“ во Струмица.
Цената на билетите за средбата со Лихтенштајн ќе биде по 100 и 200 денари, во зависност од трибината на стадионот во Струмица.
Собирот на А репрезентацијата на Македонија е закажан на 2. октомври од 12 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје. Пред дуелот со Лихтенштајн, Македонија на 6. октомври ќе игра против Италија во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА