Фудбалската Федерација на Македонија на денешниот состанок на Управниот Одбор донесе одлука билетите за претстојниот квалификациски меч со Албанија да бидат со популарни цени, од 200 до 600 денари. Навивачите кои ќе сакаат да го следат мечот, закажан за 5 септември во Струмица, ќе можат да го сторат тоа за сума од 200, 400 и 600 денари, во зависност од позицијата на седиштата на стадионот „Младост“.
Покрај оваа, УО на ФФМ донесе уште неколку одлуки кои ги обелодени преку соопштение за медиумите:
– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги усвои пропозициите за Прва футсал лига, пропозициите за Втора футсал лига и пропозициите за натпреварување во детски лиги за сезона 2017/2018;
– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија по предлог на селекторот на А репрезентација на Македонија го назначи Џингис Реџепи за асистент во стручниот штаб во А репрезентација на Македонија;
-Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го назначи Љупчо Кметовски за тренер на голмани во младинските национални селекции и фудбалската академија;
– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Албанија на 5. септември 2017 година. Во продажба ќе бидат пуштени влезници по цена од 600, 400 и 200 денари;
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА