Билетите за Македонија – Литванија во продажба од петок по цена од 200 и 300 денари

Ракометната федерација на Македонија информира дека билетите за натпреварот на сениорската машка селекција во квалификациите за ЕП 2026 против Литванија, кој се игра во недела (11.мај), со почеток во 18 часот во спортската сала „ Јане Сандански “ во Скопје, од петок ќе бидат пуштени во продажба.

Продажбата на билетите за натпреварот започнува во петок на 02.05.2025 година во 12 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk) а билети можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Продажните цени на билетите за натпреварот се 200 и 300 денари.

Продажна мрежа – МК Тикетс
Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Diamond Mall
• Литература – ТЦ Буњаковец
• ЛитератураМК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• ЛитератураМК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• ЛитератураМК
• ТА Сафари
Штип:
• Сити Тобако

Се вчитува...