Билиќ: Јас сум виновникот… не ни сонував дека вакво нешто може да се случи

Хрватска го претрпе најубедливиот пораз во својата историја откако попладнево загуби со 0-7  во Ријека од селекцијата на Англија, фијаско за кое селекторот Славен Билиќ ја презеде одговорноста врз себе.

„Јас сум виновникот… тешко е да се каже било што после ваков натпревар. Жал ми е за навивачите, за овие деца кои беа на трибините. Ни во сон не очекувавме дека може вакво нешто да ни се случи… Знаевме дека тие се топ-екипа, но вакво нешто… не верувам дека Англичаните можат да дадат седум гола на натпревар со Естонија, не пак со Хрватска, но ете…“, разочаран беше Билиќ во обраќањето пред новинарите.

„Се случувало и претходно да губиме убедливи, бевме поразени со 6-0 од Шпанија во Елче пред неколку години, но не паметам ваква немоќ од првата до последната минута. Јасно е, одговорноста е моја, јас сум селекторот, ова е мојата селекција. Секако дека ќе анализираме, ќе го гледаме мечот, јасно е дека реалната разлика не е толку голема како што изгледаше на семафорот“, додаде хрватскиот селектор.

Хрватите за неколку дена ги очекува завршниот меч од овој прозорц во кој на домашен терен ќе ја пречекаат Шпанија, најдобрата репрезентација во светот во овој момент.

Се вчитува...