Хрватскиот стратег Славен Билиќ би можел да биде новиот тренер на турскиот гигант Галатасарај. Тој влезе во преговори со раководството на овој клуб, а ќе го замени неговиот сонародник Игор Тудор, кој си замина откако тимот го изгуби првото место на табелата.
Според турските медиуми, директорот на Галатасарај, Ченк Ергин, веќе три пати имал средби со Билиќ и му ги образложил големите планови на клубот. Тој доби отказ од Вест хем поради лошите резултати на почетокот на оваа сезона, а покрај него во комбинација се уште и Лорен Блан, Томас Тухел, Роналд Куман и Мишел Прудом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА