Хрватскиот стратег Славен Билиќ е блиску до отказ по убедливиот пораз на Вест Хем од Манчестер сити.
Како што пренесуваат англиските медиуми, доколку Вест Хем сега загуби од Саутемптон Билиќ и дефинитивно заминува од Вест Хем, а на негово место, наводно, веќе е договорено доаѓањето на Роберто Манчини кој во моментов е без работа.
Последен ангажман на Манчини беше во Интер, а и тоа како добро го познава англискиот фудбал и начинот на работа на Островот, што е и еден од клучните моменти сопствениците на Вест Хем да се одлучат за негов ангажман.
Вест Хем во моментов е на 11. место во Премиер лигата со 28 бода, далеку под очекувањата на раководството на клубот пред почетокот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА