Билиќ се враќа на „островот“

Славен Билиќ е подготвен за нов тренерски ангажман на „островот“, но не во англиската Премиер-лига, туку во Шкотска.

Поранешниот хрватски селектор е главна желба на Шкотската Фудбалска Асоцијација за нов селектор на оваа репрезентација, но Билиќ има поинакви планови. Имено, Хрватот е сериозно заинтересиран за соработка со Селтик, откако шкотскиот првак покажа интерес да го доведе на своето кормило како долгорочна замена за Брендан Роџерс.

Преговорите се очекува да стартуваат во најскоро време, а Билиќ би потпишал тригодишен договор со „зелено-белите“ од Глазгов. Тој е без ангажман откако беше отпуштен од Ал Етихад во февруари годинава, а претходно во Премиер-лигата го водеше тимот на Вест Хем.

Се вчитува...