Хрватска ќе има шанса да го повтори успехот од Светското првенство во Русија и повторно да се најде во последната битка за трофејот. Но, за тоа „коцкестите“ ќе мораат да ја поминат пречката наречена Аргентина и Лео Меси.
Ова е трето Светско првенство во кое Хрватска ги надминува очекувањата, а тоа знаеше да го потенцира поранешниот селектор Славен Билиќ кој вели дека тоа воопшто не е случајност и покрај тоа што луѓето не веруваат.
„По полуфиналето и бронзата во 1998 година луѓето говореа – никогаш повеќе, нема шанси. Тогаш се случи неверојатната Русија каде стигнавме до финалето и луѓето повторно говоре – тоа е тоа, нема понатаму. И сега по трет пат? Неверојатно. Не знам колку репрезџентации два пати по ред се нашле во полуфинале на Светско првенство, а да не станува збор за големите држави“, вели Билиќ.
„Како успеваме? Па очигледно дека сме талентирани. Тоа е сигурно, но има нешто поважно. Физички сме доби, ментално сме добри и одлични сме во тимските спортови. Кошарка, ракомет, ватерполо… Во нив сме исто едни од најдобрите во светот. Кога станува збор за согирач, помош на друг, кога станува збор за група, а не индивидуалец имаме заедништво и соединетост“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА