Тони Моубри официјално е претставен како нов тренер на Бирминген и ќе биде дел од клубот во следните две и пол години. Англискиот стратег „жешкото столче“ го наследува од Вејн Руни кој доби отказ по само 83 денови во клубот со оглед на катастрофалните резултати.
Моубри кариерата ја започна во Хиберниан, а подоцна беше дел и од ВБА, Селтик, Миделсборо, Ковентри Сити, Блекбурн и Сандерленд каде го имаше последниот ангажман пред стартот на новата година.
It’s #MowbrayMonday. 🔵⚪️
We are delighted to announce Tony Mowbray as the new Men’s First Team Manager.
— Birmingham City FC (@BCFC) January 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА