Паулињо требаше да биде решение за проблемите на Барселона во средниот ред, но бразилскиот репрезентативец ќе мора да почека за да дебитира во дресот на каталонскиот гигант. Барса денеска ќе го пречека Бетис во премиерниот натпревар од новата сезона во Примера, но Паулињо нема да може да настапи за својот нов клуб на „Камп ноу“.
Причината е бирократска, Барселона и Гванвгжу не ја размениле навреме целата документација за трансферот, па иако договорот е потпишан и регистриран, Паулињо сепак се уште нема право за настап за Барса.
Проблемите за тренерот Валверде се уште поголеми ако се знае дека на оваа средба на располагање ќе го нема ниту Андрес Иниеста, кој е повреден, исто како и Луис Суарез, кој ќе паузира најмалку еден месец од фудбалските терени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА