„Бисерот“ на Партизан потпишува за Милан

Огромните финансиски проблеми со кои се соочува Партизан придонесоа овој клуб да го продаде еден од најголемите таленти, Андреј Костиќ, во редовите на Милан, и тоа за скромна отштета од почетни три милиони евра.

Додека ривалот Црвена Звезда продава играчи над 10 милиони евра, „црно-белите“ немаат друг излез освен на ваков начин да ги затворат дупките во буџетот создадени од претходната управа. Партизан на стартот од преговорите бараше десет милиони евра, но Милан успеа значително да ја спушти сумата.

Така, српскиот клуб ќе добие три милиони евра летово, а доколку бидат остварени сите клаузули во договорот, на сметката на „црно-белите“ од Белград би легнале максимални 7,5 милиони евра од овој трансфер.

Костиќ викендов ги минал лекарските прегледи во Милан, а планот е овој 19-годишен голгетер следната сезона да ја мине во младинскиот тим на „росонерите“ каде би се докажувал  за место во првата екипа.

Се вчитува...