Милан успеа да обезбеди нов „трансфер за иднината“ откако „росонерите“ ја победија конкуренцијата за потписот на 18-годишниот напаѓач на Црвена Звезда, Марко Лазетиќ.
Суперталентираниот напаѓач беше желба и на руски Зенит, како и на калчолигашот Торино, но директорот Паоло Малдини успеа да го убеди Лазетиќ од неколкуте понуди на маса да ја прифати онаа на „росонерите“. Тој денеска ќе ги мине лекарските прегледи во Милано, по што ќе потпише петгодишен договор со Милан.
Италијанскиот клуб ќе плати четири милиони евра на Црвена Звезда за тинејџерот, со можност оваа сума да се зголеми дополнително за уште еден милион евра. Покрај тоа, српскиот клуб ќе има и десет проценти од следниот трансфер што ќе го направи Лазетиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА