Новајлијата во ракометната Суперлига на Македонија, Бисинов Фруит стигна до голема победа на гостувањето кај Струга од минимални 30-31 во првиот натпревар за двете екипи во новата сезона.
Натпреварот почна израмнето се до последната третина на првиот дел кога домаќините стигнаа до највисоките плус четири 14-10. До крајот на првиот дел Бисинов успеа да намали дел од негативата и да намали на 16-14. Во вториот дел продолжи израмнетата игра, а како клучен на крајот се покажа голот на Зоран Стојановски на минута до крајот за триумф од 30-31.
Ивица Илиев со десет гола беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Тодор Јанкуловски постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА