Битингем е вистински хит: Го тресна и Мец за финале во ЛШ

Ракометарките на Битингем се вистинска сензација сезонава во женската Лига на шампиони. Откако како последни во групата влегоа во плеј-офот, а таму успеаја да ги изненадат сите противници, направија вистинска сензација и во полуфиналето на Ф4 турнирот во „Ласло Пап“ арената во Будимпешта.

Тие во второто полуфинале славеа против големиот фаворит Мец со 36-29. Иако по првото полувреме Французинките имаа минимална предност од 15-14, сепак Германките со фуриозно второ полувреме успеаја да направат нова сензација и да слават со 36-29.

Kсенија Смитс со девет погодоци беше убедливо најдобриот поединец кај победникот, додека кај поразените по пет гола постигнаа Валентини и Винтер-Бургард. Во големото финале утре Битингем ќе игра против Ѓер.

Се вчитува...