Битка на „титаните“: Дончиќ ги „остави без здив“ фановите, Далас имаше предност и од 25, но загуби од Јанис (ВИДЕО)

Далас имаше предност и од 25 поени, но сепак загуби од Милвоки со 129-117 во синоќешниот меч во НБА лигата кој претстуваше пресметка меѓу Лука Дончиќ и Јанис Антетукомбо.

Но, она што ги оздави без здив фановите на Дончиќ беше по само шест минути игра. Словенецот се впушти во дуел со Јанис и во еден момент го извлече подебелиот крај. Откако куцајќи го напушти теренот и се упати кон соблекувалната се сомневаше на најцрното сценарио, но за среќа набрзо се врати на паркетот.

Потоа беше видно расположен за игра, завршувајќи го мечот со 40 поени и 11 скока. Му недостасуваше само една асистенција за „трипл-дабл“, но Далас ја испушти најголемата предност која ја имаше сезонава, во неколку наврати водеше по 25 поени, а на крај загуби.

Сосема очекувано во победничкиот тим најефикасен беше Јанис со 48 поени, а одлична поддршка имаше од Демијан Лилард со 30 поени.

За Далас (26-23) ова беше трет пораз во последните четири средби и директниот пласман во разигрувањето како да е се понедостижен, додека Милвоки (33-16) со победата ја продолжи трката со Бостон за врвот на Истокот.

Се вчитува...