Во Берлин вечерва од 20:30 часот се игра големото финалето на Евробаскетот меѓу Франција и Шпанија. Вистински спектакл во пресметката на меѓусебе добро познатите стари ривали.
Французите пристигнаа на Евробаскетот како еден од фаворитите, иако не брилјираа со формата на почетокот од шампионатот. Но, покажаа дека никогаш не смеат да бидат отпишани, демонстрирајќи сила кога беше најпотребно.
Како третопласирани во групата продолжија во разигрувањето, навидум без капацитет за финале, но успеаја сите да ги демантираат. На патот до финалето „триколорите“ играа одлично победувајќи ги Турција, Италија и Полска на која во полуфиналето и одржа вистинска лекција, на крај, со 41 поен разлика.
На спротивната страна се Шпанците кои покажаа неверојатен карактер. „Црвената фурија“ направи смена на генерација и не се очекуваше ниту од нив дека ќе можат до финале. Сепак, срцебијните Шпанци покажа неверојатна храброст, дрскост и одлучност, па на крај може да се каже дека заслужено се во битката за тронот на Европа.
Јасно е дека кошаркарска Европа ја чека вечерва спектакл во Берлин. Претходно, од 17:30 часот, пак, во битката за третото место ќе се соочат домаќинот Германија и Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

