Битка за ЛШ во Серија А: Милан ќе се бори против „црн рекорд“ што не е виден 85 години!

Интер е нов италијански шампион после 11 години, Аталанта им се придружи на „нероаѕурите“ во ЛШ, Беневенто, Парма и Кротоне испаднаа во Серија Б, па остана само завршната трка за последните две места во италијанската елита кои ќе се решаваат денеска за кои се борат три гиганти.

Пред денешната разврска од 20.45 часот, Наполи е домаќин на Верона, Јувентус гостува во Болоња, а Милан го чека најтежок противник, доаѓа во Бергамо кај второпласираната Аталанта. На табелата, Наполи и Милан имаат по 76 бода, а Јувентус е на 75.

Крајниот епилог би значел дека „старата дама“ за да извиси од пласман во ЛШ или мора да киксне или Милан и Наполи да победат, но „росонерите“ пред нив имаат најтежок ривал, па со неуспех им се спрема сценарио какво што не е видено цели 85 години, а откако се игра ЛШ во овој формат во кој најдобрите четири од лигата обезбедуваат учество, не се десило никогаш.

Милан во есенскиот дел беше лидер, па сега може да биде само втор тим кој после прво место во првиот дел од сезоната, не успеал да биде меѓу четирите најдобри клубови, а досега во историјата на италијанскиот фудбал се случило само пред Втората Светска војна, во сезоната 1935/36 и тоа на Јувентус, кој на крајот завршил како петти.

Сега и на Милан му се заканува тоа петто место, посебно ако не ја победи Аталанта, а притоа Наполи и Јувентус триумфираат во своите мечеви.

Инаку 67 отсто од екипите кои биле „есенски прваци“ на крајот станале шампиони, а откако за победа се добиваат три бода, тој процент е 69, но Милан веќе ја загуби трката со градскиот ривал Интер, кој од поодамна стигна до својата 19-та шампионска круна, прва после историската 2010 година.

Се вчитува...