Кошаркарската федерација на Македонија ги објави номинациите за избор на најдобрите кошаркари, кошаркарки, тренери, баскетџии, сениорски и младински клубови за оваа календарска година, а за крајниот избор ќе одлучуваат гласовите на членовите на Здружението на кошаркарските тренери, претставниците на Судиската комисија при КФМ, медиумите и фановите.
Интересно е тоа што во изборот за најдобар кошаркар го нема интернационалецот Ненад Димитријевиќ кој оваа година настапуваше за Хувентуд и Валенсија, додека во изборот за најдобар млад кошаркар и репрезент од странство место не доби Андреј Јакимовски кој игра за Вашингтон Стејт во НЦАА лигата.
Во категоријата најдобар кошаркар за 2021 година се најдоа Андреј Магдевски (МЗТ Скопје), Бојан Крстевски (МЗТ Скопје) и Бојан Трајковски (Пелистер). Кај дамите номинирани се Анџелика Митрашиновиќ (Тарб, Франција), Александра Стојановска (Бадел 1862) и Нена Трајчевска (Бадел).
Во категоријата најдобри млади кошаркари се најдоа Теодор Симиќ (Барселона, Шпанија), Амар Хот (Феникс 2010) и Андреј Шошкиќ (Работнички), а кај кошаркарките се Марија Николов (Бадел), Михаела Алексовска (Крива Паланка) и Ања Начевска (Вардар). За најдобар играч баскетџија се борат Марко Дујковиќ, Христијан Ристов и Ервин Цого.
За најдобар кошаркар, кошаркарка, баскетџија, најдобар млад кошаркар и најдобра млада кошаркарка може да гласате ТУКА.
Во изборот за најдобра машка екипа се најдоа: МЗТ Скопје, Еуро Никел и Пелистер, додека во женска конкуренција тоа се: Баскет КАМ, Бадел 1862 и Крива Паланка. Во изборот за најдобра „3х3“ екипа се: Кино Влае, Каса Бар и Гез, додека во изборот за најдобра младинска екипа се најдоа: Феникс 2010, Водно Санс и Работнички во машка конкуренција и Бадел 1862, Крива Паланка и Вардар во женска.
За изборот на екипите можете да гласате ТУКА.
Кај најдобрите кошаркарски работници, кај тренерите кај мажите номинирани се Дарко Радуловиќ (МЗТ), Горан Самарџиев (Еуро Никел) и Марјан Илиевски (Пелистер), кај дамите се Александар Ашаданов (Баскет Кам), Перо Стамески (Бадел) и Мирослав Ивановски (Крива Паланка).
За најдобар македонски репрезент во странство ќе се борат Емил Рајковиќ (тренер на руски Саратов), Ненад Димитријевиќ (играч на Валенсија) и Теодор Симиќ (играч на Барселона).
За најдобар тренер во младинска мажи номинирани се Денис Дервишевиќ (Феникс), Андреј Апостолски Лечиќ (Работнички) и Нермин Пепиќ (Партизан Водно Санс), додека кај девојките тука се Анета Глигорова (Бадел), Мирослав Ивановски (Крива Паланка) и Славица Наков (Вардар).
За овој избор можете да гласате ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА