Вечерва во 21:00 часот во Удине, Италија се игра натпреварот од УЕФА Супер-Купот, во кој битка за пехарот ќе водат европскиот шампион ПСЖ и освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, тимот на Тотенхем.
За некого ова ќе биде прв трофеј во историјата од Супер-Купот, ако се има во предвид дека и ПСЖ и Тотенхем дојдоа до своите први успеси во еворпските натпреварувања.
ПСЖ е апсолутен фаворит, со оглед дека има подобар играчки кадар. Меѓутоа раздрманоста во нивните редови по „сагата“ со Донарума може да биде силен адут за тимот од Англија.
„Финалето е голем настан, голема сцена. Со нетрпение го очекуваме овој меч. Не знам каков ќе биде планот на Тотенхем и нивната игра. Имаа тренерска смена. Тие тренираат заедно веќе еден месец, а ние само една недела. Меѓутоа тоа не е изговор, ќе дадеме се од себе. Ова ни е прв меч во сезоната. Ова е нешто ново за нас, и не сме навикнати. Во исто време желни сме за трофеи. Се надевам дека ќе го играме нашиот фудбал и ќе победиме“, рече Луис Енрике, тренерот на ПСЖ.
Тотенхем неочекувано се раздели со тренерот Постекоглу после освојување на трофејот во Лигата на Европа и победата над Манчестер Јунајтед. Сега новиот тренер Томас Франк смета дека неговиот тим може да дојде до втор трофеј за кратко време, откако тимот имаше долг пост на освојување на трофеи.
„Ова е важен натпревар за Тотенхем и сериозен тест. Дефинитивно ќе го прифатиме предизвикот и ќе играме против многу силен тим. ПСЖ е во моментов далеку од својата врвна форма, и ние ќе се обидеме да го искористиме тоа. Фокусирани сме на мечот и ќе дадеме се од себе да го освоиме трофејот“, истакна Франк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

