Пресметката меѓу македонските репрезентативци Филип Талески и Жарко Пешевски, бундеслигашкиот дуел меѓу Балинген и Штутгарт заврши без победник, 25-25.
Дуелот мина во израмнета игра, Штутгарт замина на одмор со предност од 10-12, а Балинген успеа да стигне до реми благодарение на голот на Томан на 14 секунди до крајот. Гледано индивидуално, подобар натпревар вечерва одигра Пешевски, кој ги погоди четирите удари кон противничкиот гол. На спротивната страна, Талески исто така се обиде четири пати, но беше прецизен само еднаш.
Балинген по 11 одиграни кола има осум бода на своето салдо, додека Штутгарт на Пешевски досега има освоено само шест бода во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА