Битката во Неапол без победник, Интер останува со „плус еден“ пред Наполи

Трката за шампионското скудето останува максимално израмнета и интересна откако двете првопласирани екипи, Наполи и Интер вечерва ремизираа 1-1 на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол. Гостите од Милано имаат за што да жалат ако се знае дека долго време имаа водство и беа на чекор до победата, но „наполитанците“ се спасија од пораз со голот на резервистот Билинг, кој влезе во игра во 79. минута и осум минути подоцна постигна златен гол за својот тим.

Избраниците на Симоне Инзаги одиграа максимално трпливо, успеаја да постигнат гол во првото полувреме со фантастичниот гол на Ди Марко од слободен удар, а потоа со дисциплинирана игра се обидуваа да го задржат минималното водство до самиот крај.

Тоа им успеваше се до 87. минута, кога Билинг одлично се снајде на додавање на Лоботка и од втор обид ја смести топката во мрежата, на воодушевување на домашните навивачи на стадионот во Неапол.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...