Битката во Струмица без победник, по бод за АП Брера и Македонија ЃП

Нерешено заврши пресметката помеѓу АП Брера и Македонија ЃП. На крајот резултатот гласеше 1-1, и покрај тоа што двата тима сакаа да дојдат до трите бода, кои им значат многу за опстанокот.

АП Брера поведе во 20. минута по изведен корнер и мешаница во петерецот на Јанков, каде најдобро се снајде дебитантот Петровиќ, и донесе водство.

Македонија ЃП стигна до израмнување во финишот на првиот дел, откако ја презеде иницијативата и направи притисок да дојде до гол. Досуден пенал откако со рака играше Луковиќ, а обидот на Пецов го одбрани Вргов, но одбиената топка ја зафати Ивановски и си постигна автогол.

Во вториот дел АП Брера пропушти можност да дојде до победата, откако од 69. минута имаше играч повеќе по исклучувањето на Ричков. Но, и Македонија ЃП имаше свои можности да дојде до трите бода, на крајот и двете екипи мораа да се задоволат со по еден.

Се вчитува...