Битката за светскиот шаховски трон израмнета и по 12. партии, тај-брејк ќе решава за титулата

Магнус Карлсен и Фабиано Каруана ремизираа и во дванаесттиот меч кој е последен од предвидените во битката за светската шаховска титула.

Карлсен денеска понуди реми по 31. потег од партијата. Со изрманети 6-6, шахистите в среда ќе влезат во таканаречен тај-брејк.

Тоа ќе подразбира дека титулата би одела кај подобриот по четири партии шах по заврзано темпо со по 25 минути за секој од играчите. Ако и тогаш нема победник ќе бидат одиграни пет мини-меча со две блиц партии.

Ако и по ова нема исход ќе се оди на таканаречена партија „брза смрт“ или „Армагедон“. Во оваа партија играчот со бели фигури има по пет минти, а тој со црни по четири минути. Ако нема победник, Црниот ќе биде прогласен за шампион.

 

Се вчитува...