Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри се дисквалификувани поради прекршување на технички регулации.
Имено, техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер по трката ги пријавил двата болида на Мекларен, а по деталниот преглед утврдено е дека двете возила имаат заштитни плочки потенки од девет милиметри колку што е пропишан дозволениот минимум.
Според правилата тоа е прекршок за дисквалификација, а по сослушувањето на двата возачи и претставниците на тимот таа одлука и е донесена.
Тоа значи дека Норис и Пјастри останаа без бодови освоени на стаза со што воедно и дополнително се закомпликува битката за титула.
На две трки до крајот, Норис останува лидер на шампионатот со 383 бодови, но веднаш зад него е Ферстапен со 366 бодови. Пјастри пак има 360 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

