Битола на најдобар можен начин, што се однесува до атмосферата на реновираниот стадион „Петар Милошевски“, блесна повторно репрезентативно по 31 година на квалификацискиот натпревар на младите репрезентации на Македонија и Италија во битката за пласман на ЕП.
Повторно под Тумбе кафе се врати репрезентативниот фудбал, откако ФФМ во експресен рок, во корелација со општина Битола, го реновираа комплетно стадионот „Петар Милошевски“ за европски натпревари.
Младите македонски репрезентативци, пак, го доживеаја и вториот пораз на стартот од квалификациите, овој пат со 0-1, по оној пораз од 0-3 од Полска, во меч очигледно во кој влегоа со преголем респект кон противниците.
Избраниците на Горан Станиќ еден час играа и со фудбалер повеќе, но и тоа не беше доволно за позитивен резултат, на крајот помирувајќи се со минимален пораз против преценетата Италија, со која ако фудбалски се суди според прикажаното на терен, можевме и до поволен резултат….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА


































