Во Битола се е подготвено за мечот на сезоната во мак-ракометот, мега-пресметката меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Математиката е јасна, “пелистерци” со победа или реми би направиле џиновски чекор напред кон шампионската, што би била прва за битолчани по пауза од 17 години.
Затоа, во “градот на конзулите” утрово владее одлична атмосфера која станува се пожешка како што се ближи почетокот на натпреварот. Така е веќе и во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола каде е пеколна атмосфера… Еурофарм Пелистер чека титула, а Вардар посакува да им ја расипе забавата на битолчани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА