Битола го слави скалпот над Вардар: Љубов, страст, еуфорија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометна Битола има причина за славје откако „зелено-белите“ вечерва славеа на дербито со Вардар со резултат 28-23, враќајќи се во игра во трката за титулата. Вардар имаше перфектен скор од стартот на суперлигашката табела, но „црвено-црните“ вечерва потфрлија пред се во нападот, дозволувајќи противникот да се одлепи и на крајот да се радува на победата.

Уште еднаш во спортот се покажа дека никогаш не смее да се отпише срцето на шампионот, а битолчани тоа го покажуваат последните три години. Трката за титулата ќе се вжештува, па очекуваме уште многу мега пресметки во пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...