Битола гореше: Е. Пелистер триумфално против ППД Загреб во првиот меч во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер славеше на домашен терен со 25-23 против хрватскиот првак ППД Загреб во премиерниот меч од новата сезона во Лигата на шампионите.

Mакедонскиот шампион на одличен начин го отвори премиерниот меч годинава во елитата па брзо по десет минути игра успеа да стигне до позитива од три гола 5-2. Битолчани продолжија одлично и во следниот период, па со голот на Манасков од пенал во 12. минута стигнаа и до плус четири 7-3.

Ракометарите во „зелено-бело“ имаа празен период во следните неколку минути и му дозволија на противникот му дозволија во 17. минута по подолго време да дојде до негатива од само два гола 8-6, по што тренерот Гарабаја мораше да го побара првиот тајм-аут.

Ниту тајм-аутот не помогна бидејќи веднаш следуваше нова грешка и нов гол за Загреб за 8-7. Лошата серија ја прекина новата аквизиција Бразилецот Рудолф Хакбарт кој го постигна својот прв гол во „зелениот“ дрес во Лигата на шампионите (9-7). Во следниот период ракометарите на нашиот шампион повторно успеаја да стигнат до позитива од три гола 11-8.

До крајот на првиот неколкуте наши грешки доведоа до тоа Пелистер на полувреме да замине само со еден гол позитива 13-12. Mанасков со четири и Хосни со три гола се први имиња во таборот на „пелистерци“, додека кај гостите од Загреб Главаш постигна шест погодоци.

Maкедонскиот шампион катастрофално го почна второто полувреме, па со неколку брзи гола Загреб стигна до позитива од 14-16. Пелистерци заиграа подобро во продолжение па на на крилата на неверојатниот Хејдарирад кој собра шест интерврнции во вториот дел, во 52. минута стигнаа до водство од три разлика 21-18. ППД Загреб повторно дојде до минус еден 23-22, по што следуваше голот на Радивојевиќ за 24-22 на три минути до крајот на мечот. До крајот нашиот шампион за малку ќе направеше од готово вересија, но сепак успеа да се одбрани и со голот на Хеидарирад во последната секунда славеше со 25-23.

Дејан Манасков со oсум гола и Филип Кузмановски со шест гола беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените Филип Главаш заврши со седум погодоци.

Се вчитува...