БИТОЛА НЕ ЗАБОРАВА: Мараш со овации пречекан во „Боро Чурлевски“! (ВИДЕО)

Некогашната голема ракометна надеж Матео Мараш која како тинејџер дојде во Еурофарм Пелистер, вечерва во дресот на ПСЖ се врати во Битола. Хрватскиот десен бек, кој во периодот 2020–2022 остави силен впечаток кај битолската публика и стана еден од најомилените играчи во „Боро Чурлевски“, по две успешни сезони во Пелистер замина во унгарската Татабања, а минатото лето го реализира трансферот од соништата откако потпиша за еден од најдобрите клубови во Европа, Пари Сен Жермен.

Вечерва, во рамките на натпреварот во Лигата на шампионите, Мараш во дресот на парискиот гигант повторно стапна на теренот во Битола, а од публиката беше поздравен со овации.

Се вчитува...