Битола се подготвува за спектакл со Алкалоид: Комплетно распродадена салата „Боро Чурлевски“ за утрешното дерби

Битола се подготвува за вистински спектакл утре од 18 часот на дербито меѓу Е. Пелистер и Алкалоид во Суперлигата.

Веќе е јасно дека дерби-пресметката ќе биде пред преполни трибини во салата „Боро Чурлевски“ во Битола која е комплетно распродадена.

По победата над Динамо Букурешт во Лигата на шампионите, јасно е дека сега еуфорично се очекува дуелот со Алкалоид како потврда на желбата за атак на одбрана на шампионската титула.

Мотивот кај „пелистерци“ е голем и поради фактот дека Алкалоид доминираше на претходните две меѓусебни пресметки. Го доби првиот натпревар со Пелистер сезонава со 32-25, а претходно избраниците на Кире Лазаров славеа и во Суперкупот на Македонија со 33-30.

Се вчитува...