Трчај бе е првата градска трка која ќе и се случи на Битола на 15 септември оваа година. Иницијатор е истоимената организација Трчај бе – група на неколку луѓе успешни во своите професии, кои не се професионални спортисти. Она што ги поврзува е желбата за трчање.
За себеси ќе кажат:
“Ние не сме атлетски клуб. Нам не ни се најважни тие кои први ќе ја поминат целта, иако им се восхитуваме и им ракоплескаме. Секој голем напор и секое поминување низ целта се победа за сите нас. Нашата цел е да создадеме што повеќе задоволни Трчај бе вљубеници и да им помогнеме да ги поминат своите први и најбрзи километри. Ние сме тркачите на Битола и со Трчај бе создаваме нова спортска приказна за градот.”
И така стартуваа, за денес на помалку од месец дена од трката освен рекреативни трчачи, за трката се пријави и атлетскиот крем на Македонија, така што во Битола ќе имаме и забава, но и вистински натпревар помеѓу атлетската елита.
Тимот на Трчај бе искуства собирале од слични иницијативи и организатори на настани, поврзани со трчањето во држава и во странство. Во Јануари 2019 ја откриваат идејата пред јавноста и ја започнуваат кампњатата за овој спортски настан кој ќе ја растрча конечно и Битола.
Да трчаш не е само по себе цел.
Денес заборавивме да се движиме.
Многу седиме, во автомобил, автобус, на работа, дома пред ТВ или компјутер или отсутни гледајќи го екранот од нашите смарт телефони. Потребно е да се потсетиме што значи движењето на животот.
Сите луѓе се родени да трчаат.
Трчај бе е акција со која повторно ќе се потсетите зошто децата трчаат и без причина.
Затоа пријави се уште денес на овој линк http://smartrace.club/ и на 15 Септември Трчај бе во Битола.
фотографија: Кети Талевска
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА