Битолчани добија екстра засилување: Мирко Ивановски се врати во Пелистер (ВИДЕО)

Пелистер стигна до ново засилување во пресрет повранитчката сезона во елитниот македонски фудбал. Во Битола се враќа долгогодишниот интернационалец Мирко Ивановски од кој се очекува да биде лидер на „зелено-белите“.

Искусниот 34-годишен голгетер кој воедно и дебитираше на прволигашката сцена во дресот на Пелистер по 14 години поминати во првенствата на Чешка, Полска, Турција, Хрватска и Унгарија повторно ќе ги тресе мрежите во Првата фудбалска лига.

Ивановски е и долгогодишен македонски репрезентативец со 27 настапи за сениорската репрезентација.

Се вчитува...